Најмладите категории од ЖРК Стружанка предводени од тренерот Владимир Паноски и неговиот помошник Маја Попоска продолжија со тренинзите и во летниот период.
Денес на тренингот со најмалата група беше присутна Теодора Гулицоска најдобриот лев бек во Женската лига за изминатата сезона која настапуваше за тимот на ЖРК Чаир.

Теодора своите почетоци го направи токму во ЖРК Стружанка. Нејзиното присуство денес како и присуството на Бојана Затуроска која лани го носеше дресот на сениорките на Стружанка е мотив плус за малите ракометарки да продолжат да спортуваат и голем дел од нив во иднина да прераснат во квалитетни играчи.