Левиот бек Теимураз Орјоникидзе нова аквизиција на ГРК Охрид!
Грузискиот репрезентативен бек е новото име во составот на гладијаторите! 27 годишниот лев бек (195 cm и 95кг) во Охрид доаѓа од екипата на Кокс, Финска. Претходно настапувал во Романија и Унгарија, како и во македонското првенство во Еурофарм Пелистер и Прилеп. Со своите одлични настапи и помогна на Грузија за првпат да се најде на европското првенство во 2024та година!
“Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него! Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи!” – изјави Теимураз.