Магура Чиснадие тимот за кој настапува македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска славеше против Глорија Бистрица со 32:30, во третото коло од Романската лига.
Стружанката Елена Ѓорѓиевска беше најзаслужна со 7 голови во победата на Магура против еден од фаворитите за титула во Романскиот шампионат.