Даниел Ѓорѓески од следната сезона ќе го брани голот на унгарскиот клуб Будакалас. Голманот на Металург оваа сезона брани одлично во Суперлигата и во Лигата на Европа што му донесе интернационален трансфер.
Даниел покрај тимот на Металург има настапувано и за Работнички, Вардар Јуниор, Вардар и Пелистер. Ова ќе биде негов прв интернационален предизвик.



