Македонскиот шампион Ѓорче Петров и на домашен терен убедливо го совлада белгискиот Еупен со 48-36 и се пласира во осминафиналето од Европскиот куп на ЕХФ.
Коларовска и Ризовска со по 11 гола беа најефикасни во тимот на Ѓорче Петров. Треба да се спомене дека сите ракометарки на нашиот првак се запишаа во листата на стрелците.