Горан Андоновски, ќе биде новиот тренер на ГРК Тиквеш од Кавадарци.
Откако Тиквеш не успеа да се пласира во плејофот, Горан Андоновски поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Охрид доаѓа на местото на Томе Петревски. Неговата задача ќе биде доста тешка да обезбеди опстанок во плејаутот против КЛ7, Астраион, Младост Богданци, Јуниор Кисела Вода,Работнички, Прилеп и Радовиш.