Младинскиот репрезентативец Богдан Мирковски ќе игра за екипата на Мантована баскет во Италија со која потпиша двегодишен договор.
Двеста и три сантиметри високото крило дојде во Италија уште во сезоната 2016/2017. Играше за Блу Сеа баскет од Лавања. Во наредната се пресели во Канту, каде со голем успех настапуваше во У 16 шампионатот на Италија.
Со нашиот кадетски тим дојде до третото место на ЕП од Дивизијата „Б“ во Сараево. Во последните две сезони беше дел од јуниорскиот тим на ABC Канту, а беше блиску и до првиот тим кој е дел од Серија А.