Вецлар славеше против Минден со 30-28 во последното коло од Бундес лигата.
Ова беше последниот натпревар во кариерата на Филип Миркуловски човекот со ОГРОМНО СРЦЕ кој со гордост го носеше дресот и на Македонија сите овие години. Тој постигна 2 гола на последниот натпревар, а од следната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на тренерот Бен Мачке.