Големиот фаворит Франција очекувано ја совлада Македонија со 39:29 на првиот натпревар на отворањето на Европското првенство во Германија.
Најдобар поединец во составот на Македонија беше голманот Никола Митревски со 11 одбрани, додека најдобри стрелци во нападот беа Жарко Пешевски со 7 гола и Иван Џонов со 6 погодоци.




