Викендов бардот на струшкиот планински велосипедизам, Виктор Пауноски, направи подвиг за паметење.Со велосипед од Струга, преку Горна Белица, Вевчанска голина и локва се искачи на највисокиот врв на планината Јабланица, Црн Камен (2257мнв).
На врвот Виктор беше пречекан со громогласен аплауз и неверување од страна на 30-тина планинари од Црна Гора и Македонија.