Виктор Гигов со неговите одбрани беше најзаслужен за победата на неговиот тим ПАОК во градското дерби против тимот на Пилеа кое заврши со 23:30.
Гигов кој влезе во игра во 18. минута имаше маестрална партија и со 14 одбрани, помеѓу кои и 2 седмерци и 7-8 зицери ги откажа противниците и успеа да донесе разлика во неговиот тим и победа.




