Дејан Георгиевски беше поразен во финалето на Европските игри во Краков од Луис Канингем од Велика Британија кој победи со 2-0.
Претходно на патот до финалето Георгиевски во полуфиналето беше подобар од Гарсија Мартинез од Шпанија (2-0). Истиот ден пред Дејан “паднаа” и Украинецот Андри Харбар (2-1) и Италијанецот Матија Молин (2-0).