Алкалоид го совлада Охрид со 30:24 (полувреме 15:12) во дербито на 9.коло од Суперлигата.
Најдобар поединец на натпреварот беше Иван Галевски со 18 одбрани, додека во нападот најефикасни беа Арно Бинго и Мартин Серафимов со по 6 гола, додека Марко Митев ги следеше со 5. Кај Охрид, по 6 гола дадоа Орјоникидзе Теимураз и Владимир Бојаниќ.