Продолжуваат подготовките на нашите репрезентативци во Стара Пазова.
Младиот македонски репрезентативен голман, Иван Галевски за подготовките и настапот на Светското првенство 2025:
“Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека спремни ќе го дочекаме стартот на Светското првенство”.




