Матеа Христовска од Битола има 18 години и со манекенство активно се занимава повеќе од една година преку модното студио Црнокрак.
Матеа има учествувано на неколку интернационални избори ( 2 пати во Бејрут и еднаш во Анталија ) и има освоено неколку награди.
Ја имаме гледано во повеќе музички спотови, редовно учествува на ревии и фотосесии и низ Македонија и во странство.