Одличниот млад, надежен и суперталентиран струмички кошаркар Димитар Пандев е пред портите на НБА лигата и во блиска иднина очекуваме да се пријави на НБА драфтот.

Младиот Пандев кошаркарските први чекори ги започнува најпрвин во родната Струмица за на 15-годишна возраст да замине во Луксембург каде престојува две години и тоа сосема успешно каде што со својата ЛБА академија стигна до полуфиналето од Европската јуниор лига.

На свои 19-години Димитар Пандев кој е висок 210 см и игра секако на центарската позиција и се карактеризира со одличен шут за тројка заминува во ТСФ академијата од Атланта,Сад во која што соработува со исто така струмичанец и наш екс кошаркар и репрезентативец Ефтим Богоев.

Млкадиот кошаркар таму работи во одлични услови и се натпреварува на многу турнири кои што му помогнаа да се најде на ЈУКО колеџ лигата. Сезоната 2018 – 2019 година игра за Солк Лејк Сити, додека последната сезона настапува за Кларендон колеџ од Тексас со кој што стигнува до завршницата но е прекината лигата поради коронавирусот.

Крајната сегашна станица за Димитар Пандев е потписот со Јагуарс од Индијана колеџ екипа од најдобрата НЦАА Д1 лига. Оовј колеџ тим е расадник на производство на НБА кошаркари меѓу нив најпознат е Џорџ Хил од Милвоки Бакс.