Моника Стефановска е родена во 1991 година во Тетово. Дипломирала на Економскиот факултет (надворешна трговија) на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а подоцна станува и магистер по спортски менаџмент на Факултетот за Физичко образование, спорт и здравје, исто така, на државниот универзитет. Моника повеќе од 20 години се занимава со карате, а поради својата убавина со право ја носи титулата „најубава македонска спортистка“.