Во првиот контролен натпревар за тимот на ЖФК Истатов по тешките и исцрпни тренинзи, на гостувањето во Тетово против ЖФК Шкендија славеа со 2:3 на полувреме беше резултатот 2:2.

За домашната екипа стрелци беа новото засилување кое дојде од тимот на ЖФК Скопје, воедно и репрезентативка Афродита Салихи, а вториот гол за тетовчанки го постигна една од најдобрите фудбалерки во тимот Енџи Шерифи.

Во победничкиот табор од Дојран се истакнаа во листата на стрелците Радица Чонева која беше двоен стрелец и еден гол е дело на Кристина Петрушевска. Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера од двете страни.