Викендов продолжуваат возбудувањата во Прва ЖФЛ, а тимот на ЖФК Ас Јунајтед генералката против ЖФК Речица ја решија во своја полза со резултат од 3:1. Струшките фудбалерки победата ја обезбедија со двата гола на Илза Максути и еден гол беше дело на Едина Сулејмани.

Единствениот гол за гостинската екипа го постигна Сара Петковска. Во сабота на Ас Јунајтед ги очекува натпревар против ЖФК Шкендија во Тетово во продолжението на втората натпреварувачка полусезона.



