Македонските одбојкарки до 16 години (генерација 2006 и помлади) ќе учествуваат на квалификацискиот турнир за Европското првенство годинава. Во салата „Владе Дивац“ во Врњачка бања, нашата репрезентација утре во првото коло ќе сервира против домаќинот Србија, во среда ќе се сретне со Бугарија, ден потоа ќе ги одмери силите со Турција, а во фрекфентниот ритам со четири натпревари во четири дена ќе влезе и соочувањето со Романија во петок.
Првопласираната репрезентација на овој турнир ќе обезбеди учество на Европскиот шампионат во унгарскиот град Ниџерхаза и во Хумене, Словачка, во перидот од 10-18 јули, а националните состави што нема да влезат во континенталната елита, ќе продолжат во вториот круг од квалификациите. Во него, од 6-9 мај ќе бидат одиграни пет турнири со по четири репрезентации од сите пет зонски асицијации на ЦЕВ во коишто е и нашата, балканска.

Координаторката за женска одбојка кај нас, Емилија Терзиевска, во Врњачка бања ќе ја има улогата на селекторка на националниот состав, а нејзин асистент ќе биде Никола Јаневиќ. Црвено-жолтиот дрес ќе го носат 12 одбојкарки: Ивана Трајкова, Ирена Узунова, Леона Змајшек, Анастасија Ристевска, Ева Ристовска, Теа Зетова, Марија Џонлага, Ева Трпеновска, Елена Ѓорковска, Јована Кирова, Миа Ѓоргиевска и Кариа Трифуновска.
Распоред на натпревари – квалифиакции за ЕП 2021 (пионерки) – 1.зонски турнир
1.КОЛО (УТРЕ)
СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА (19.00)
ТУРЦИЈА – РОМАНИЈА (16.30)
2.КОЛО (СРЕДА)
МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (16.30)
СРБИЈА – РОМАНИЈА (19.00)
3.КОЛО (ЧЕТВРТОК)
МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА (16.30)
СРБИЈА – БУГАРИЈА (19.00)
4.КОЛО (ПЕТОК)
МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА (16.30)
БУГАРИЈА – ТУРЦИЈА (19.00)
5.КОЛО (САБОТА)
БУГАРИЈА – РОМАНИЈА (12.00)
СРБИЈА – ТУРЦИЈА (14.30).
Фото и извор: Одбојкарска федерација на Македонија @volleyballmkd



