Хрватскиот прволигаш Риека ја официјализира соработката со Горан Томиќ. Стратегот потпиша едно и полгодишен договор со опција тој да се продолжи на уште една година. Томиќ ќе му биде новиот тренер на нашиот репрезентативец Дарко Велковски.
Оваа сезона Риека одигра 22 меча во хрватскиот шампионат, во кои оствари девет победи, осум порази и пет ремија, по што со 32 бода се наоѓа на петтото место на табелата.