Репрезентативката и една од најдобрите македонски кошаркарки Александра Стојановска повторно во сино-жолтиот дрес на ЖКК Бадел 1862. По ангажманот во Фламуртари-Албанија и по успешната рехабилитација по повредата на скочниот зглоб, се врати во татковината и по пауза од 2 години повторно ќе ја гледаме во домашното првенство. Инаку Стојановска ќе биде во фвојна улога, па освен на теренот како играч, ќе помага и како тренер во малдинскит погон на клубот.

,,Среќна сум што повторно сум дел од овој колектив, кој воедно ми пружа шанса за мое враќање на терен. Моите очекувања пред се, се да оваа сезона продолжи успешно и да сите останеме во добро здравје поради целата ситуација со пандемијата. Исто така, верувам дека ќе се бориме заедно и ќе го дадеме максимумот за да освоиме нова шампионска титула” – изјави Стојановска за клупскиот сајт.