Во просториите на хотел Дипломат каде што престојуваат фудбалерите на ФК Тетекс во рамките на зимските припреми вчера беше потпишан договор со ново засилување и се работи за Сашо Шопоски играч од средината на теренот кој претходната полусезона беше член на штипска Брегалница.

Шопоски потпиша шест месечен договор и ќе има улога да го опстани клубот во Втора МФЛ Запад. Инаку се работи за 23-годишен играч кој претходно има настапува за клубовите на: Металург, Тиквеш, Победа и Пелистер.
Фото: ФК Тетекс – Тетово / официјална страна / FC Teteks – Tetovo



