Најдобриот стрелец во Прва МФЛ, репрезентативецот на Гвинеја, Дембо Дарбо, иако имаше понуди од Германија и Белгија ќе за игра за белорускиот шампион за тимот на Шахтјор Солигорск за обештетување кон Шкупи од милион евра.

Деновиве ќе се официјализира еден од најголемните трансфери во историјата на македонскиот фудбал и од први јануари Дарбо ќе игра во Белорусија. Дембо експлодираше оваа полусезона бо која што постигна 16 гола во првенството и беше прв стрелец.
Дембо Дарбо во Шкупи дојде од сенегалскиот шампионат во 2019 година. Освен тоа Шахтјор Солигорск има во план уште да пазари во Македонија овој зимски преоден рок.