Трка на Поезијата Струга заедно со Атлетски клуб КоРРаннерс во акција за подигање на свеста за машкото ментално и репродуктивно здравје!
Ноември е месец кога се актуелизира движењето Мовембер, иницирано да ги адресира сериозните прашања со кои се соочуваат мажите глобално: потребата од редовени прегледи и рана дијагностика на рак на простата, тестиси, како и превенција од суицид.
Затоа, Мо браќа и Мо сестри од сите рекреативни и атлетски клубови кои што бевте поддржувачи на оваа идеа Ви благодариме за оваа неделна трчанка што ни се приклучивте на заеднички апел за зачувување на здравјето!