Месут Озил е германски фудбалер со турско потекло кој што е најплатен фудбалер во Арсенал и заработува 350.000 евра неделно, но во последно време чувствата кон Турција му се силно изразени. Тој на социјалните мрежи објави цитат од првиот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк.
„Проблемот на Азербејџан е проблем и за сите нас, нивната среќа е и наша среќа“, напиша Озил и објави заеднички знамиња на Турција и Азербејџан, со додавка: „Еден народ, две држави“.




