Македонската кикбоксерка Викторија Варадинова вчера загуби од светската првенка Наџа Милјанчевиќ во професионалниот меч во К1 на кик бокс спектаклот во Нови Сад на „Купот на нациите“
Викторија Варадинова е млада девојка од Штип која веќе 7-8 години се занимава со кикбокс, воедно е и студент на факултетот за Физичко образование, спорт и здравје. Тренира кик бокс во клубот “Шампион”- Скопје под раководство на тренерот воедно и претседател на Кикбокс маутаи федерација на Македонијам, Дејан Митровски – Урко.