Младите играчи на КК Спарта Скопје очекувано и без поголеми проблеми ја совладаа екипата на КК Спорт Тим од Неготино со резултат од 93:60 по четвртини беше (27:24, 27:20, 22:8 и 17:8).

Иако натпреварот го започнаа доста опуштено, сепак во второто полувреме на противникот му дозволија само 16 постигнати поени, а на спротивната страна постигнаа 39 коша.

Вреди да се истакне 17-годишниот талент Петар Филипов, кој за две четвртини поминати на терен постинга 23 поени. Инаку сите кошаркари на Спарта стигнаа да постигнат поени, а со овој триумф спартанците ја запишаа третата победа во првенството.

Во победничкиот табор на КК Спарта Скопје во листата на стрелци се запишаа следниве кошаркари: Јосиф Тосевски 5 поени, Марко Василевски 1, Никола Крстиќ 10, Матеј Вучевски 4, Драго Стројановиќ 11, Јован Коцевски 5, Иван Балов 8, Василије Серафимовски 7, Петар Филипов 23, Бојан Стојановски 5, Мартин Занов 6 и Димитар Иванов зад своето име запиша 8 постигнати поени.
Фото: KK Sparta Skopje



