Откако вчера за КК Куманово потпиша Ѓукан Ѓукановиќ, денеска тоа го стори и дваесет и шестгодишниот Ѓорѓе Каплановиќ кој игра на позицијата крилен центар.
Со тоа Куманово сериозно го формира ростерот за оваа сеона, па ова е веќе трет српски интернационалец оваа сезона заедно со Ѓукановиќ и Глигоријевиќ. Договор потпиша и Андреј Настовски, а на тренерската позиција повторно ќе се најде Игор Ѓорѓиевски.