Антоан Гризман ги изненади сите откако на дуелот против Реал Сосиедад се појави со нов имиџ. Францускиот репрезентативец на теренот истрча со плетенки на косата.
Самиот фудбалер откри зошто го сменил имиџот. „Миа стил“, напиша Гризман на својот Инстаграм профил. Миа е четиригодишната ќерка која очигледно побарала нејзиниот татко да го смени имиџот.