Квалитетот на еден фудбалски тим многу зависи од квалитетите на еден голман/ка. Селекторот на Македонија до У-19 за женски фудбал, воедно и прв тренер и сопственик на ЖФК Ас Јунајтед, Астрит Мерко нов негов проект ќе биде отварање на голманска школа, која што ќе биде од единствен таков вид во Западна Македонија, каде што има голем број на клубови и талентирани голмани/ки, но нема школа која што ќе ги обедини и професионализира токму голманите.

Од таа причина, Мерко има проект кој ќе биде реализиран наскоро. Желбата и мотивите на селекторот да се отвори голманска школа е поради потребите на клубот ЖФК Ас Јунајтед, но и поради неговиот татко, Демирали мерко кој што е екс голман и кој што имал богата и успешна кариера како во Караорман, останатите македонси клубови, така и на Косово и низ цела екс Југославија.

Астрит Мерко има сопствен терен на кој што ги обавува тренинзите на Ас Јунајтд, но и на останатите мали фудбалерки и фудбалерчиња кои што ги посетуваат тренинзите. Следен чекор ќе биде да се обезбеди стручен кадар кој ќе работи со голманите, а координатор ќе биде Демирали Мерко кој ќе го раководи целиот трој тренажен процес.





