Реномираниот романски медиум ,,Про Спорт” како и 14 тренери од сите тимови во шампионатот го избраа идеалниот тим за сезоната 2019/2020 во Романија. За нас посебно внимание привлекува веста дека македонското репрезентативно десно крило, Гоце Георгиевски и член на ЧСМ Букурешт е прогласен за најдобро десно крило во шампионатот и влезе во идеалниот тим.
Освен Георгиевски во идеалниот тим ги прогласија и следниве ракометари: Сиад Хиедаридад е најдобар голман (Динамо Букурешт), најдобро лево крило е Милан Котрч (Баја Маре), за најдобар лев бек е прогласен Анте Кодуз (Динамо), среден бек најдобар во Романија е Камел Алуини (Динамо) Мариуш Садовеак е најдобар десен бек (Темишвар), додека Немања Грбовиќ е најдобар пикер (Стеауа).

За најдобар млад ракометар во првенството е прогласен соиграчот на Георгиевски, Чаба Ливиу од ЧСМ Букурешт, а за најдобар дефанзивец е прогласен Дан Савенко од шампионскиот тим на Динамо.
За МВП е прогласен Анте Кодуз од Динамо. На Георгиевски му преостанува уште една година од договорот со романскиот тим, но за него постои интерес и оваа награда само ќе е поттик за негов следен трансфер.



