Светската автомобилистичка федерација (ФИА) објави дека новата сезона во Формула 1 ќе почне на 21 март со трката во Мелбурн, а ќе заврши на 5 декември во Абу Даби и ќе има рекордни 23 трки.
Засега неизвесна е само трката за Големата награда на Виетнам на 25 април, со оглед на проблемите во договорот со организаторите, а како можна замени се споменуваат трка во Турција, Португалија или Италија.
Трката за Големата награда на Бразил е потврдена и ќе се вози на 14 ноември 2021 година, а ќе остане во календарот најмалку до 2025 година.