Лукас Окампос, напаѓачот на Севилја е прв на листата со летни желби како засилувања на Јирген Клоп и на Ливерпул, а клубот е подготвен да ја плати отштетата од 65 милиони евра за да го донесе aргентинецот на „Енфилд Роуд“.
Според британските медиуми, вразилецот Фирмино ќе си замине од Ливерпул, а замената е одлична. Окампос во континуитет игра одлично за Севилја. Сезонава постигна пет гола, а лани кога Севилја по рекорден шести пат го освои пехарот во Лигата на Европа, Окампос постигна вкупно 17 погодоци.
Фирмино пристигна во Ливерпул во 2015 година од германскиот Хофенхајм за сума од околу 32 милиони евра и ја игра веќе шестата сезона за актуелниот англиски шампион. Напаѓачот на Севилја има 26 години и е три години помлад од Фирмино, што значи дека може подолго да остане во Ливерпул ако се случи трансферот што британските медиуми го најавуваат за ова лето.