Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири трошоците за патувања на екипите од сите младински лиги во рамки на ФФМ, Првата и Втората футсал лига и лигата во женска конкуренција.
Фудбалската федерација на Македонија продолжи да ги покрива целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите во сите категории. Исто така од ФФМ јавуваат дека сите наведени трошици за идната втора полусезона ќе ги покрие федерацијата и дека со тоа ќе ги потикне клубовите на подобри резултати.