Во тек е СП за младинци во Германија каде завршија натпреварите по групи. Најголемото изненадување ако може така да се каже се Фарските Острови.
Тие денес во директен дуел во нивната група ја совладаа големата Шпанија со 31:34 и покажаа дека ќе бидат сериозен ривал можеби и за медал на овој шампионат.