Одличното десно крило Бобан Блажески кој ги бранеше боите на РК Охрид во изминатите неколку сезони се реши за нов предизвик и се враќа во матичниот клуб РК Струга. Најдобриот стрелец на Охрид во изминатите неколку сезони се враќа во родната Струга и ќе биде големо засилување за тимот предводен од Наум Танески.
Блажески имаше понуди од неколку суперлигаши, сепак тој реши да се врати во Струга која минатата година беше вистински хит и стигна до плеј-офот во Суперлигата. Претходно во својата кариера настапуваше покрај за родната Струга и за МРК Вардар, Пелистер, Куманово, Радовиш и Охрид.