Куманово му го нанесе првиот сезонски пораз на старо-новиот шампион Ѓорче Петров откако во драматичен натпревар славеа на гостувањето со 28:29. Ѓорче Петров и покрај поразот ја одбрани шампионската титула.
Јунак на Куманово беше фантастичната репрезентативна голманка Марија Јовановска со 16 одбрани помеѓу кои и 1 седмерец. Најефикасна во победничката екипа беше Сузана Зечевиќ со 8 погодоци, додека кај Ѓорче Петров најдобар стрелец беше Анастасија Николовска со 10 погодоци.