Тотенхем со 3:0 го совладаа Лидс Јунајтед каде што за првиот водечки ,,Виновник” беше токму македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски кој што во 29 минута направи прекршок за пенал над Бергвајн, а капитенот Кејн го претвори во гол.
Сепак фановите на Лидс имаа дебата на социјалните мрежи и го бранат својот играч бидејќи сметаат дека неправедно е досуден пенал и прекршокот е направен надвор од шеснаесетникот, а не внатре.