Како што изминува сезоната, така сè поизвесно е дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона по речиси две децении. Неговиот договор истекува по крајот на јуни 2021 година, а веќе на почетокот од Новата година Меси ќе може да преговара со други клубови и да обезбеди трансфер.
Во таборот на ПСЖ се самоуверени дека токму тие ќе го добијат потписот на аргентинската суперѕвезда, а наводно официјалните фан-шопови на францускиот првак се известени да се подготвуваат за голема продажба на клупските производи со ликот и името на Меси.
Покрај ПСЖ, кандидат за потписот на Лионел Меси е и Манчестер Сити, што значи дека ќе биде интересно да се види како гигантите ќе се наддаваат со петро-доларите во оваа битка.



