Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во јануари ќе ги играат одложените натпревари од стартот на сезоната во Премиерлигата, против Астон Вила и Барнли. Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Барнли на 12. јануари, а мечот ќе се игра од 20.15 часот, додека нивните градски ривали ќе и бидат домаќини на Астон Вила на 20. јануари на натпревар што исто така ќе се игра од 20.15 часот.