Домаќинот го диктираше ритамот во текот на целиот меч, контролирајќи ја играта и постепено зголемувајќи ја разликата. Во финишот Охрид имаше и двоцифрена предност, но гостите од Прага со серија погодоци успеаја да намалат на конечни +9.
Најефикасни кај охриѓани беа Ѓукиќ со 8 и Иванковиќ со 7 погодоци, додека Пилиповиќ блесна меѓу стативите со дури 14 одбрани.
Стрелци за ГРК Охрид:
Пилиповиќ 1 (14 одбрани), Блажески (1 одбрана), Борозан, Ѓукиќ 8, Иванковиќ 7, Ојлески 4, Стрмљан 2, Тасески 2, Петриќ 2, Прибетиќ 2, Јагуриноски 1, Лиапис 1.
Реваншот ќе одлучи кој ќе обезбеди пласман во четвртфиналето, но Охрид со оваа предност има одлична стартна позиција.




