ГРК Охрид продолжува да пишува историја на европската сцена, откако повторно го совлада грчкиот Олимпијакос, овојпат со 25:24, и обезбеди пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
По одличниот настап во првиот натпревар, охриѓани и во реваншот одиграа борбено и концентрирано, успевајќи да ја задржат предноста во драматичната завршница. Натпреварот донесе неизвесност до последните секунди, но ракометарите на Охрид покажаа карактер и успеаја да ја сочуваат минималната предност за голема победа.
Со овој успех, ГРК Охрид обезбеди историски пласман меѓу четирите најдобри екипи во натпреварувањето. Во полуфиналето македонскиот претставник ќе се соочи со словенечкиот Целје.




