Новата ракометна сезона во Битола започна со градско дерби, враќање на публиката на трибините и победа на фаворитот. Во вториот натпревар од првото коло на Суперлигата, Еурофарм Пелистер го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 29-24 (13-10), оправдувајќи ја улогата на фаворит.