Архивиран е четвртиот пораз во групната фаза на Лига Европа и од четвртото место Еурофарм Пелистер ќе тргне во елиминационата фаза која почнува на 23 март.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз од 26:29 против Кадетен Шафхаузен ја завршија групната фаза и во осминафиналето за противник ќе го имаат тимот на Магдебург.
Со овој резултат Кадетен Шафхаузен се најде на втората позиција во групата Д и ќе игра со Монпелје во осминафиналето, додека Еурофарм Пелистер за ривал ќе го има составот на Магдебург.
Поранешниот германски шампион загуби само еден натпревар во групата Ц, а во Бундеслигата е второпласиран. Се работи за поранешен европски шампион и клуб во чии редови до минатата сезона настапуваше нашиот репрезентативец и поранешен ракометар на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски.
Фото: RK Eurofarm Pelister @hceurofarmpelister