Екипата на Еурофарм Пелистер 2 се засили со двајца голмани кои го бранеа голот на РК Струга. Првиот е Мартин Јованоски кој бранеше во Струга пред две години, додека минатата сезона бранеше во пониските лиги во Германија.
Вториот е голманот од Црна Гора, Василије Печурица, кој во пролетниот дел од изминатата сезона направи трансфер од Будуќност во Струга, и дојде како замена за неговиот сонародник, Никола Матовиќ.