понеделник, август 8, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Емотивна и адреналинска трка во Македонска Каменица по сеќавање на Џингар!

Марјан Туртуров ✏️ Марјан Туртуров
јули 25, 2021
📁 Спорт

Маратонци  и колеги со многу емоции и адреналин попладнето ја истрчаа меморијалната планинска трка во Македонска Каменица, во чест на педесетиот роденден на загинатиот бранител Миле Јовановски – Џингар. Педесетината учесници прво се собраа во родната куќа на Џингар во планинското село Костин Дол и од таму, поминаа патека долга десет километри до неговиот споменик во центарот на Македонска Каменица. Маратонците ги испрати семејството на Јовановски – Џингар, соселаните, но и неговите колеги од единицата Волци, каде како припадник го загуби животот во тетовско Вејце, во конфликтот во 2001 година.

Случајот сакаше токму неговиот соборец и колега, Игор Јакимовски од Скопје да стигне прв на целта. За Јакимовски посебна чест и инспирација е што трчаше за Џингар, за кого рече дека бил војник во душа и срце, не само на зборови и на дело. Јунаците како него одат на првата линија и го положи животот, рече Јакимовски.

Игор Јаккимовски – маратонец

Во чест на роденденот на Џингар, трчеа млади и стари, мажи и жени. Сите со некоја своја кауза или инспирација. Меѓу маратонците прва жена која пристигна на целта, беше Валентина Узунова од Богданци, која секоја своја трка ја трча за болните со пулмонална хипертензија. Узунова секој ноември организира меморијална трка во чест на својата блиска пријателка Ѓурѓица Ќаева, која почина на само една недела пред закажаното пресадување на белите дробови.Валентина Узунова, мајка на три деца, веќе пет години секој ден рано наутро претрчува најмалку десет километри или околу сто километри неделно, поминувајќи ја трасата меѓу Боганци и Дојран.

Валентина Узунова – маратонка

Маратонци од цела Македонија и од градот домаќин Македонска Каменица учествуваа во меморијалната трка.

Бранителот Миле Јаневски – Џингар е роден во село Костин Дол, Македонска Каменица на 24.07.1971 година. Син на скромното семејство на мајката Душка и таткото Бранко, Миле со својата сопруга и синот единец, го привлече униформата на македонската армија. Како водник во БСН Волци, во служба на безбедносните сили во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, загинува кај Вејце, Тетовско, на 28 април 2001 година.

Миле Јаневски – Џингар посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.

Веста и сликите се превземени делумно од https://mms.mk/

ShareTweet
Претходна вест

Недвед ја потврди судбината на Роналдо и Дибала!

Следна вест

Николов и Начевски арбитри на мега дерби помеѓу Шпанија и Норвешка!

Марјан Туртуров

Марјан Туртуров

Слични вести

Македонија ја прегази Турција, Брестовац МВП со 18 одбрани
Ракомет

Македонија ја прегази Турција, Брестовац МВП со 18 одбрани

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Авг/2022
(ВИДЕО) Гардијанс со два поединци го ,,средија” Хјустон
Останато

(ВИДЕО) Гардијанс со два поединци го ,,средија” Хјустон

✏️ Епов Насе
08/Авг/2022
(ВИДЕО) Дербито на Единбург приреди нереално враќање на Бојл
Спорт

(ВИДЕО) Дербито на Единбург приреди нереално враќање на Бојл

✏️ Епов Насе
07/Авг/2022
(ВИДЕО) Стопроцентен учинок на Кабс против Марлинс во 2022
Останато

(ВИДЕО) Стопроцентен учинок на Кабс против Марлинс во 2022

✏️ Епов Насе
07/Авг/2022
Следна вест
Николов и Начевски арбитри на мега дерби помеѓу Шпанија и Норвешка!

Николов и Начевски арбитри на мега дерби помеѓу Шпанија и Норвешка!

Последно

Македонија ја прегази Турција, Брестовац МВП со 18 одбрани

(ВИДЕО) Гардијанс со два поединци го ,,средија” Хјустон

(ВИДЕО) Дербито на Единбург приреди нереално враќање на Бојл

(ВИДЕО) Стопроцентен учинок на Кабс против Марлинс во 2022

Одличниот Миовски даде ДВА гола за Абердин (Видео)

Стружанецот Ангел Стојкоски преработи две прекрасни македонски песни (ВИДЕО)

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.