Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, будно ја следи ситуацијата околу Гатузо, има и свои фаворити за негов наследник, но најверојатно ќе му даде шанса на популарниот Рино да остане на клупата до крајот на сезоната, а потоа да донесе дефинитивна одлука дали да се разделат.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е засегнат од ова прашање. Тој од Гатузо не ја добива шансата која ја заслужува, па и Елмас можеби летово ќе треба или да се пресели или да се докажува кај нов тренер.