Тимот на Еурофарм Пелистер продолжува со победите. Денес во Битола тие стигнаа до лесна победа од 34-19 против екипата на Голден Арт К7.
Жељко Бабиќ на овој натпревар не можеше да смета на неколку стандардни ракометари како Чаневски, Маџоски, Кукоски, Вегар, Кукуловски…. Затоа првпат сезонава во првиот тим заиграа Кузманоски и Бардаковски.



