Во конкуренција на 13 земји (Македонија, Австрија, Чешка, Естонија, Германија, Норвешка, Словачка, Украина, САД, Грција, Ирска, Индија и Литванија), каде учествуваа 80 атлети од три континенти, под водство на 30 тренери под строги ковид-19 протоколи, ова беше прв жив настан на Специјална олимпијада на кој што учествуваа атлетите, од кога е започната пандемијата на ковид-19. Учесниците се натпреваруваа во четири категории, соло, пар, двојки и тим и во четири дисциплини, танго, уличен танц, сценска уметност и специјален настап.

Можеме да се пофалиме со два сребрени медала за делегацијата на Специјална олимпијада Македонија на Првиот светски шампионат во танц како спорт Грац 2021. Второ место во тимски перформанс на јунифајд екипата со танго бачата и второ место во индивидуален перформанс во стомачен танц на Јулијана Петровска. Браво за нашите шампиони.



